Oppo се очекува да ја претстави Find X3 серијата во текот на првиот квартал од оваа година, а еден од телефоните од новата линија се појави на AnTuTu бенчмарк тест. Телефонот, што го покренува Snapdragon 888 чипсет, оствари резултат од 771.491 поени, што претставува нов рекорд.
Официјалните резултати на Qualcomm за овој чипсет изнесуваат нешто повеќе од 735.000 поени, но AnTuTu резултатот е збир од четири главни компоненти – процесор, GPU, кориснички интерфејс и меморија.
Изворот не откри повеќе детали за телефонот што се појави на бенчмарк, но се очекуваат 12 GB RAM и многу простор за складирање. Исто така, Oppo Find X3 може да има 6,7-инчен QHD+ екран со брзина на освежување од 120Hz.
Find X3 ќе го има и новиот прилагоден 50MP Sony IMX766 сензор за главната камера, како и 2x телефото камера од 13MP. На Pro верзијата на телефонот се очекува и дополнителен перископ сензор.
Поврзани артикли