NASA објави кои се нејзините планови за новата 2021. година. Меѓу другото, нејзините активности ќе бидат посветени на понатамошно истражување на Месечината. Вселенската агенција го најави и „преземањето на следниот чекор кон Месечината“.
До 2024 година, NASA сака да биде прва во историјата на човештвото што испратила жена на Месечината. Покрај тоа, нејзината цел е повторно да испрати и маж. За да се постигнат наведените цели, во 2021 година има намера да ја реализира мисијата Artemis, која ќе ја испорача потребната инфраструктура за истражување на површината на Месечината.
Роверот би требало повторно да биде лансиран на Марс за да се земат примероци од оваа планета. По тој повод, тие ќе тестираат уред наречен Мокси, кој ќе се обиде да произведе воздух на Црвената Планета. Покрај тоа, роботски хеликоптер ќе биде тестиран на Марс и ќе се користи за истражување.
NASA, исто така, планира да го лансира, како што го опиша, моќниот телескоп James Webb. Со него, тие сакаат да дознаат повеќе за длабочините на универзумот. Исто така, со тоа ќе може да се тестира и можноста за пренасочување на опасните астероиди.
Оваа година исто така треба да се лансира вселенската сонда Lucy, која ќе тргне на 12-годишно патување. Таа ќе се користи за истражување на антички астероиди. Сателитот Landsat 9, кој ќе ја набљудува планетата Земја, исто така ќе биде лансиран во орбитата.
Понатаму, NASA ќе продолжи да лансира астронаути и да тестира нови летала, а ќе биде претставена и нова класа кандидати за астронаути.
Најавено е и лансирање на леталото Capstone. Покрај тоа што ќе се користи за истражување, неговиот инфрацрвен ласер ќе има цел да ја подобри комуникацијата во вселената.
Тоа не е сè. NASA ќе работи на развој на првиот целосно електричен авион X-57 Maxwell, а исто така ќе ја тестира и транспортната технологија – на пр. испорака на пакети со беспилотни летала. Меѓу амбициозните планови е и производството на суперсоничен авион Х-59.