Instagram планира да ја направи десктоп верзијата на својата платформа полесна за употреба за оние кои преферираат услугата за споделување фотографии и видео да ја користат на своите компјутери. Наводно, компанијата работи на нов дизајн на корисничкиот интерфејс за Instagram Stories на десктоп.
Компанијата веќе почна да го тестира новото ажурирање, кое пристигнува со функции како што се Stories во карусел, наместо во еден наслов што ја покрива целата страница.
Извештаите сугерираат дека со новото ажурирање, корисниците можат со глувчето да вршат навицавија низ Stories или да ги пуштат автоматски да се прикажуваат. Корисничкиот интерфејс и натаму ќе има копчиња за навигација, за да се овозможи контролирањето на пуштањето на Stories содржините.
Засега не е познато на колку корисници ќе им биде достапен новиот кориснички интерфејс. Исто така, не е познато дека оваа промена ќе биде трајна и кога би можела да биде достапна за поголем број корисници. Тестирањето на функцијата е потврдено од официјалните лица на Instagram, а ажурирањето од декември е достапно за помал број корисници.