Рекордни една милијарда и четиристотини милиони разменети пораки и повици биле забллежани на новогодишната ноќ преку WhatsApp, објави компанијата којашто е во сопственост на Facebook. Тоа е за 50 отсто повеќе од претходната година.

Техничката менаџерка на Facebook, Кејтлин Бамфор потврди дека во текот на целата година компанијата бележи пораст на аудио, видео и пишаните пораки на Twitter, Instagram и Messenger, односно на сите социјални мрежи. Една од причините за тоа е социјалната оддалеченост и одвојувањето на луѓето поради корона-пандемијата.

Забележан е и рекорден број видеоповици меѓу корисниците на Facebook за новогодишната ноќ – дури 55 милиони видеоповици.