Цената на биткоинот во неделата достигна нов рекорд од над 34.500 долари во готово, продолжувајќи го своето брзо движење нагоре од 2020. година.

Утрово, биткоинот забележа благ пад од околу 12% (околу 30.000 долари), откако некои од големите инвеститори решија да ги земат своите профити.

Само во првите неколку дена од новата година крипто-валутата порасна за повеќе од 5.000 долари откако цената се зголеми за четири пати во 2020-та година.

Втората најтргувана криптовалута – Ethereum, забележа уште посилен раст од 465% во текот на изминатата година.

Според аналитичарите цитирани од ВBC, биткоинот ќе продолжи да расте во 2021. година, ако продолжи трендот на опаѓање на американскиот долар.

Во март 2020-та година, американската валута се намали за кратко, со што стана „прибежиште“ за инвеститорите среде првиот бран на пандемијата со Ковид-19, но после тоа започна да се амортизира како резултат на невидениот економски стимул во Соединетите држави.

Доларот ја заврши 2020-та година со најсилниот годишен пад од 2017-та година.

Од своја страна, биткоинот добива популарност поради ограничената понуда, на што не влијае „печатењето пари“ од страна на централните банки. Покрај тоа, криптовалутата сè повеќе се користи како легитимно платежно средство.

Минатиот октомври, „PayPal“ објави дека ќе прифати плаќања со биткоин.