Иако од очекуваното претставување на електричниот автомобил на Apple не делат години, уште сега се објавени перформансите што би можел да ги има

Во последниве месеци имаше толку многу гласини за автомобилот на Apple што влегувањето на технолошкиот гигант на овој пазар се чини како речиси сигурна работа.

Се појавија нови информации во врска со автомобилот, кои предвидуваат дека Apple Car треба да се појави на пазарот најрано во 2025 година, но сепак има и можност за доцнење бидејќи ова е целосно нова индустрија за компанијата.

Аналитичарот Минг-Чи Куо потврди некои претходни гласини дека Hyundai треба да биде одговорен за производство на автомобилот и дека Apple Car треба да ја користи нивната платформа E-GMP за електрични возила.

Apple нема намера да произведува автомобилски компоненти самостојно, но ќе се потпре на постојните производители и партнери на пазарот, а компанијата на Тим Кук ќе се фокусира на хардверот и софтверот за автономно возење, чиповите, технологиите на батерии, иновативно корисничкото искуство, дизајнот на автомобилот итн.

Со оглед на тоа што Hyundai веќе ги објави можностите на новата платформа развиена исклучиво за електрични автомобили, врз основа на овие податоци, веќе може да се заклучи какви можат да бидат перформансите на Apple Car.

Опсегот на автомобилот на платформата на Hyundai треба да биде околу 500 километри, максималната брзина поголема од 250 км на час, а брзината од 0 до 96 км на час (60 милји на час) ќе може да се постигне за помалку од 3,5 секунди.

Автомобилот ќе поддржува брзо полнење, така што за 18 минути батеријата треба да биде полна 80 проценти, додека пет минути полнење би биле доволни за опсег од 60 милји.

Извор: Zimo.hr