Amazon објави дека ја купува компанијата за подкасти Wondery, проширувајќи го својот каталог со оригинална аудио содржина, пренесува CNBC.
Како дел од зделката, Wondery ќе се приклучи на Amazon Music, музичкиот стриминг сервис на гигантот за електронска трговија. Amazon Music додаде подкасти на својата платформа во септември во обид да освои дел од сè поконкурентниот пазар на кој домонираат Spotify, Apple и другите компании. Во моментов условите на договорот не се откриваат.
Договорот се случува кога Spotify, Apple и други продолжуваат да се борат за доминација на пазарот на подкасти. Amazon, Apple, Spotify, исто така, се обидоа да додадат подкасти на нивните услуги за стриминг, бидејќи тие станаа најпопуларен начин за слушање музика, овозможувајќи им да ги диверзифицираат своите услуги со оригинални подкасти.