На Apple му е одобрен нов патент од US Patent and Trademark Office. Компанијата си поигрува со идејата да создаде нова тастатура за своите компјутери. Оваа тастатура ќе има копчиња што би можеле да се конфигурираат и ќе содржат мали дисплеи со функции за секое копче.
Ова е тастатура со динамични ознаки, кои се менуваат во зависност од тоа што се прави на тастатурата. Ова донекаде потсетува на она што го прави Apple со Touch Bar кај MacBook Pro моделите, со тоа што во новиот патент, целата тастатура би можела да прикажува разни елементи или дејствија при обработка на софтвер и слично.
Идејата е интересна и сигурно дека нејзината имплементација би ја зголемила цената на компјутерите на Apple. Од друга страна, ова би ја отстранило потребата на компанијата да објавува лаптопи за специфични региони, бидејќи би можела да се прикажува било која тастатура што ќе ја посака корисникот.
Поврзани артикли