Според неговите зборови, моменталната мутација не влијае значително на ефикасноста на вакцината.

„Ново истражување за ефикасноста на вакцината Спутник V можеби ќе биде неопходно доколку дојде до сериозни мутации на Ковид-19“, изјавил денеска Александар Гинзбург, директор на Институтот „Гамалеј“ кој што ја создаде руската вакцина против коронавирусот.

Според неговите зборови, моменталната мутација на вирусот не влијае значајно на ефикасноста на вакцината.

„Доколку мутациите продолжат да се таложат, тоа би можело да биде причина да се размисли за дополнителен експеримент. Мораме да го извлечеме серумот од луѓето кои веќе се вакцинирале и така да ги неутрализираме промените настанати со високо-заразниот сој на коронавирусот кој се појави во Велика Британија, за да не дојде до ширење на истиот во нашата земја“, изјавил Гинзбург.