Претходно се појавија гласини дека Apple може да користи mini LED екрани во своите производи, како што е iPad линијата. Сега најновите информации сугерираат дека овој уред ќе биде објавен во текот на првиот квартал на 2021. година.
DigiTimes известува дека 12,9-инчниот iPad Pro со mini LED дисплеј може да биде објавен во текот на првиот квартал од следната година. Ова е интересно, бидејќи последен пат кога Apple го ажурираше iPad Pro беше во текот на првите месеци на 2020 година, кога компанијата имплементираше LiDAR сензор и отклучи дополнителни јадра на чипсетот.
Ова значи дека дека доколку Apple навистина се држи до годишните ажурирања на своите производи, најавата за следното издание на iPad Pro во првиот квартал од 2021. година има смисла. Останува да видиме дали навистина ќе видиме примена на mini LED дисплеј на следниот iPad Pro модел.
Досега, iPad моделите на Apple се потпираа на LCD екраните. Mini LED технологијата се очекува да биде златна средина помеѓу LCD и OLED решенијата, а може да ги понуди предностите на OLED-екраните и панелите да бидат поевтини за производство.
Поврзани артикли