Извршниот директор на британско-шведската фармацевтска компанија AstraZeneca, Паскал Сорио, тврди дека нивните истражувачи развиле „победничка формула“ за зголемување на ефикасноста на вакцината.

Сорио изјавата ја даде во време кога официјални лица се подготвуваат утре да ја одобрат вакцината на Оксфорд и AstraZeneca.

Според него, методот со две дози може да ја приближи ефикасноста на вакцината до онаа на ривалите Pfizer и Moderna, објави Daily Mail.

Британските министри се надеваат дека со вакцинирање на 15 милиони луѓе ќе се заврши циклусот на „заклучување“ на земјата до февруари.

Владата на Обединетото Кралство однапред нарача 100 милиони дози од вакцината што ја развија истражувачи од Универзитетот Оксфорд.

Вакцината е поевтина и полесна за складирање од конкурентската вакцина на Pfizer, но се најде на удар кога првичните тестови покажаа дека е ефикасна 62 проценти, кога се дадени две полни дози во временски интервал од најмалку еден месец.

Тоа беше помалку од вакцините Pfizer и Moderna, кои се ефеикасни 95 проценти.

Сепак, ефикасноста на вакцината на Оксфорд се зголеми на 90 проценти кога луѓето прво примија половина од дозата, а потоа и целата доза најмалку еден месец подоцна.