Google Chrome е најпопуларниот веб-прелистувач на светот, но сепак има доста проблеми, посебно кога станува збор за Windows 10. Поради тоа, Google во моментов работи на решавање на двата најголеми проблеми што сè уште ги има Chrome – прекумерна употреба на RAM меморијата и нестабилното работење.
Иако најпопуларен, Chrome е познат по тоа што троши многу RAM меморија, посебно кога се отворени многу табови одеднаш. Ова не само што може да го забави целиот компјутер, туку може да предизвика и едноставно исклучување или пад на Chrome.
И Microsoft и Google работат на тоа Chrome да биде подобар за Windows 10, а се чини дека TerminateProcess функцијата може да помогне.
Имено, како што велат од компанијата Google, TerminateProcess функцијата „веќе многу помага при безболното исклучување на процесите, без нарушување на работата на веб-прелистувачот“, пренесува Tech Radar.
Едноставно кажано, ова значи дека Chrome би требало да работи поефикасно за корисниците на Windows 10, посебно ако го користите подолго „набрзина“ и со многу отворени табови.
Посигурен и унапреден Google Chrome, подобрен со сите овие нови функции, би требало да видиме во текот на 2021. година.
Поврзани артикли