Успеале да идентификуваат 100 гени од околу 10 000, а kat7 бил најефикасен кога станува збор за посебно силното влијание врз стареењето на клетките.

Кинеските научници работат на развој на нов генетски метод, благодарение на кој успеале да одложат некои ефекти на стареење врз лабораториски глувци и да го продолжат нивниот животен век, што е откритие кое еден ден може да придонесе за слична примена кај луѓето.

Методот, детално опишан во студијата објавена во списанието Science Translational Medicine на почетокот на јануари, се заснова на деактивирање на генот наречен „kat7“, што научниците го сметаат за клучен фактор на стареењето на клетките.

Притоа користеле специфична терапија и во тоа се први во светот, рече една од надзорниците на проектот, професорката Кју Jинг (40), специјалист за стареење и регенеративна медицина на Институтот за зоологија на Кинеската академија на науките (CAS).

„По шест до осум месеци, забележавме подобрување на изгледот на глувците и повитално движење, а најважно е што можевме да им го продолжиме животниот век за околу 25 проценти“, рече Ку.

Тим на биолози од различните оддели на CAS го користеше методот CRISPR / Cas9 во обид да проучат илјадници гени и да ги пронајдат оние што беа посебно биле моќни двигатели на стареењето на клетките.

Успеале да идентификуваат 100 гени од околу 10 000, а kat7 бил најефикасен кога станува збор за посебно силното влијание врз стареењето на клетките, истакна Ку.

Kat7 е еден од десетиците илјади гени кои се наоѓаат во клетките на сите цицачи. Кинески истражувачи го деактивирале во црниот дроб на глувците со методот наречен летивирусен вектор.

„Успеавме да ја тестираме функцијата на гените во различни типови клетки, во човечките матични клетки, во мезенхимските прогениторни клетки, во човечките клетки на црниот дроб и во клетките на црниот дроб кај глувците. Во ниту една од нив не откривме токсичност. Дополнително, не откривме никакви несакани ефекти кај глувците. И покрај тоа, мора да признаеме дека методот е далеку од применлив во испитувањата на луѓето“, објаснува професорката Ку.

„Без сомнение, сè уште мораме да ја тестираме функцијата на генот kat7 и во останатите типови на човечки клетки и во другите органи на глувците, како и меѓу другите животни, пред да ја примениме оваа стратегија како дел од истражувањето кај стареењето на луѓето. Се надеваме дека нашиот следен чекор е да го тестираме методот на приматите, но за тоа ни требаат многу финансиски средства и многу повеќе истражувања“, рече Ку.

„Во секој случај, се надеваме дека ќе можеме да пронајдеме начин во догледна иднина да го одложиме стареењето, дури и за многу мал процент, истакна кинеската научничка.