Xiaomi во ноември претстави три Redmi Note 9 телефони за кинескиот пазар, предводени од Redmi Note 9 Pro 5G. Уредот сега ќе биде објавен и надвор од Кина, а под името Xiaomi Mi 10i 5G, треба да дебитира во Индија на 5 јануари.
Xiaomi India започна да објавува тизери за телефонот, па така имаме потврда за главната камера од 108MP, високата брзина на освежување и Snapdragon 750G чипсет.
A perfect start to the new year. #ThePerfect10
Guess what's coming and 1⃣0⃣ lucky winners stand a chance to win #Mi goodies perfect for all you enthusiasts. A hint is in the video.
Leave your responses with #ThePerfect10.
05.01.21
Stay Tuned. Spread The Word. pic.twitter.com/PnD4xmZWt7— Mi India #Mi10TSeries5G (@XiaomiIndia) December 22, 2020
Исто така, имаме можност да го видиме телефонот од страна, а видлив е и SIM слотот од левата страна и закривениот заден дел што е во согласност со дизајнот на Redmi Note 9 Pro 5G моделот.
Клучните карактеристики на Note 9 Pro 5G моделот вклучуваат 6,67 инчен IPS LCD екран со стапка на освежување од 120Hz, Samsung 1/1.52” ISOCELL HM2 108MP главен сензор за камерата и 4820MAh батерија со поддршка за 33W брзо полнење.