Автомобилот треба да биде опремен со иновативна батерија со моноцелуларен дизајн.
Досега добивавме информации „на лажица“ за можен електричен автомобил на Apple, но сега се објавени малку поконкретни информации на таа тема. Reuters објави дека Apple планира да започне со производство на електрични возила во 2024 година.
Автомобилот треба да биде опремен со иновативна батерија со моноцелуларен дизајн. Ова, според извештајот, ќе и овозможи на компанијата да додаде поактивни материјали во батеријата, што исто така ќе обезбеди поголема километража со едно полнење. Apple, исто така, ја истражува можноста за употреба на батерии со литиум железо фосфат (LFP), кои помалку се загреваат и не содржат кобалт.
Ова е можеби и најважниот факт, бидејќи повеќе од 60 проценти од светските резерви на кобалт лежат во Демократска Република Конго, чии рудници често вработуваат деца, така што избегнувањето на овој елемент ќе ја намали употребата на деца при тешка физичка работа. Експертите велат дека употребата на батерии без кобалт претставува сосема ново ниво и може да се спореди со појавата на iPhone во светот на телефоните.
Автомобилот треба да биде опремен со LiDAR сензори преку кои би можел да ја „разбере“ околината во која се наоѓа. Apple може да ги користи и прилагоди постојните LiDAR сензори кои се користат во iPhone 12 Pro и iPad Pro уредите.
Како и смартфоните, и електричниот автомобил треба да го произведува надворешна компанија. Иако во моментов е закажано производство за 2024 година, можно е пандемијата на коронавирусот да биде причина да се одложи почетокот на производството барем до 2025 година, па дури и да се намали обемот на овој проект. Ова би значело дека наместо да произведува сопствен автомобил, Apple може да се определи за стратешко партнерство со некои од традиционалните производители, чии модели ќе содржат напредни технологии на Apple. Засега е сигурно дека се работи на развој на некаков вид технологија за автомобили, само треба да видиме во каков облик ќе се појави на пазарот.
Извори: PC Press.rs / Reuters