По објавата на Snapdragon 888 чипсетот на 1. декември и објавувањето на целосните спецификации еден ден подоцна, Qualcomm сега ги откри и официјалните бенчмарк резултати за неговиот најнов премиум чипсет.

Тестовите беа извршени на посебен референтен уред на Qualcomm, кој го покренува Snapdragon 888 чипот, заедно со 12 GB LPDDR5 RAM меморија, 512 GB UFS 3.0 простор за складирање и 6,65 инчен FHD екран со брзина на освежување од 120Hz. Секој од бенчмарк тестовите е одработен три пати, давајќи ни просечна оценка со стандардните поставки на референтниот уред.

Комплетната листа на бенчмарк тестови, која ја спроведе Qualcomm, ги вклучува AnTuTu, GeekBench, GFXBench Aztec Normal и Manhattan 3.0, Ludashi AiMark, AITuTu, MLPerf и UL Procyon.

Кога станува збор за најпопуларните тестови, на AnTuTu (верзија 8.3.4), Snapdragon 888 забележа 735.439 поени, што во моментов е нов рекорд на оваа платформа. Geekbench (верзија 5.0.2) открива 1135 поени на single-core тестот и 3794 поени на multi-core тестот, што претставува подобрување од околу 20 проценти и 10 проценти во однос на истите тестови за Snapdragon 865.

GFX Bench открива дека GPU Adreno 660 со SD888 чипот има просечно 86 фрејмови во секунда во Aztec Ruins Vulcan тестот и 169 fps во Manhattan 3.0 бенчмарк.