Во текот на 2020. година, едно од изненадувањата беше влегувањето на компанијата OnePlus во средниот сегмент на пазарот. Кинеската компанија изгледа не планира да се откаже од оваа тактика, а на TUV Rheinland листата сега има сертификувано уште еден смартфон на компанијата, кој би можел да биде дел од подостапниот сегмент.
Во сертификатот се споменува името на OnePlus, како и поддршка за полнење од 33W. Со оглед на тоа што OnePlus веќе ги префрли своите премиум телефони на брзини на полнење до 65W, полначот што сега е сертифициран е веројатно наменет за уште еден телефон од средната класа. Можно е тоа да биде OnePlus 9E, за кој веќе се појавуваа информации.
Освен информацијата дека станува збор за 11V/3A полнач, TUV Rheinland сертификатот не открива други информации и останува да видиме за кој OnePlus модел од средниот сегмент се работи.
Поврзани артикли