Американците развиле сателит кој може да снима низ ѕидовите на зградите секаде низ светот, пишуваат светските медиуми. Силните сигнали кои ги испраќа сателитот, нема да имаат никаква пречка да продрат низ облаците, маглата, силните дождови, чадот, ѕидовите и други цврсти објекти.

Американската компанија Capella Space пред неколку месеци лансираше сателит во вселената што може да направи јасни радарски фотографии насекаде во светот. Покрај тоа што имаат неверојатна резолуција, фотографиите можат да покажат и што има зад sидовите на некои згради.

Благодарение на технологијата што ја развија, тие можат да фотографираат без разлика дали е ден или ноќ, дожд или сонце во тој дел од светот. Имено, тие покрај класичната фотографија, користат и SAR (synthetic aperture radar) или радар за синтетичка решетка. Како што објаснија, SAR работи како ехолокатор што го користат лилјаците или делфините. Сателитот испраќа силен радио сигнал до површината на Земјата и потоа собира повратни информации и ги толкува. Бидејќи испраќа сопствен сигнал од 9,65 GHz, понекогаш тој сигнал поминува низ зградите и се прават фотографии што личат на Х-зраци на зградата. Ова им овозможува на нивните фотографии да имаат висока резолуција и тие можат да снимаат квадрати со димензии 50 на 50 сантиметри.

Ова им дава предност во однос на другите компании кои обезбедуваат слични услуги. Затоа тие започнаа платформа преку која сите заинтересирани, било од приватниот или јавниот сектор, можат да бараат фотографии од кој било дел од светот.

И дека веруваат во побарувачката на овие фотографии, се вели во нивниот план за следната година кога ќе испратат уште шест сателити со исти можности во орбитата на Земјата.

Како пример за користење на SAR и сателитите на Capella, нивниот шеф Пајам Баназаде ја наведе можноста за насочување на два сателити на истата „цел“ и создавање на тродимензионална слика што открива што се крие одозгора. Да речеме, авион во воена база кој е покриен со церада или уништување на шума во многу облачно или магливо подрачје.

Таквите радарски фотографии може да се користат и во градовите, за да се следи инфраструктурата, бидејќи тие можат попрецизно да ги следат оштетувањата на патиштата, па дури и на тунелите.