iPhone 12 линијата на Apple, претставена оваа година пристигна со Wi-Fi 6, но аналитичарите на Barclays сугерираат дека iPhone 13 серијата следниот септември ќе го поддржува Wi-Fi 6E стандардот.
Wi-Fi 6E доаѓа со сите функции што ги има Wi-Fi 6, но ова го проширува со 6 GHz опсег, со што се нуди зголемен проток и помалку пречки за поддржаните уреди.
Аналитичарите, исто така, напоменуваат дека некои модели на iPhone 13 би можеле да имаат нов чип за конверзија на струја, кој ќе го произведува Cirrus Logic.
Покрај тоа, се верува дека Apple не планира да објави уште еден iPhone SE во следните месеци и дека е малку веројатно дека компанијата ќе објави iPhone SE со поголем екран.