Откако се појавија рендерите и спецификациите за Galaxy S21 и S21+ моделите, веб-страницата WinFuture ги објави и рендерите за Galaxy S21 Ultra, давајќи ни досега најдобар увид во премиум телефонот на јужнокорејската компанија.
Како и помалите модели во серијата, Galaxy S21 Ultra, исто така, има голем модул за камерите на задната страна, кој се спојува со рамката на уредот, а во него се сместени четири камери. Исто така, се верува дека телефонот има ласерски автофокус, сличен на Note20 Ultra моделот. Системот на задните камери би требало да го сочинуваат главен сензор од 108MP, ултра-широк сензор од 12MP, како и два телефото сензора од 10MP со 3х и 10x зумирање.
Од предната страна, смартфонот има 6,8-инчен WQHD+ дисплеј со 120Hz освежување на LTPO панелот. Предната камера е сместена во punch-hole отвор со центарот на горниот дел на екранот. Фотографиите, исто така, сугерираат дека S21 Ultra ќе има закривен дисплеј, за разлика од S21 и S21+ моделите кои имаат рамни рабови.
Кога станува збор за боите, Galaxy S21 Ultra се очекува во црна и сребрена варијанта. Samsung исто така ја потврди поддршката за S-Pen паметното пенкало.
Samsung ќе ја претстави Galaxy S21 серијата на 14. јануари, а извештаите сугерираат дека јужнокорејската компанија би можела да ги намали цените на телефоните поради економските ефекти предизвикани од пандемијата на коронавирусот.
Официјални фотографии го покажуваат Samsung Galaxy S21 во четири бои
Поврзани артикли