Неколку милиони корисници на WhatsApp ќе останат без апликацијата до крајот на овој месец, а причината за тоа се постарите модели на смарт телефони кои ги поседувааат и оперативните системи што ги има нивниот мобилен телефон.
Магазинот Sun наведува дека WhatsApp ќе престане да работи за луѓе кои користат iPhone што не е ажуриран на софтвер iOS 9 или понов. Исто така, ќе бидат засегнати и корисниците на Андроид кои немаат оперативен систем 4.0.3 или понова верзија.
Ако имате iPhone 4 или постар модел, нема да можете да ажурирате на понов софтвер. Некои уреди со Android, како Motorola Droid Razr и Samsung Galaxy S2, исто така, сè уште работат на застарен софтвер.
Ако имате стар телефон, можеби ќе сакате да се обидете да го надградите до најновиот можен софтвер. Корисниците на Apple мора да ги отворат Поставките, потоа „Општи“ и „За софтверот“ за да видат која верзија на софтверот ја користат.
На Андроид, треба да отидете во „Поставки“, а потоа „За телефонот“. WhatsApp ќе ги извести корисниците на кои им е потребна надградба.
Поврзани артикли