Експертите веќе некое време посочуваат дека корисниците имаат среќа поради тоа што deepfake содржините сè уште не се сериозен проблем, пред се затоа што нема добра заштита од лажни видео содржини. Детекторот на Facebook, на пример, открива само две третини од целата deepfake содржина што се наоѓа на Интернет.

Иако порнографската содржина го привлече вниманието на мејнстрим јавноста, експертите проучуваат други сегменти во рамките на кои deepfake може да остави сериозни последици во иднина, пишува The Verge.

Како и да е, дефиницијата за тоа што е deepfake нема да биде корисна во спречувањето на несаканите сценарија, затоа полека се приближуваме кон свет каде што веќе нема да можеме да бидеме сигурни во автентичноста на која било аудио-визуелна содржина, што ќе доведе до уште поголема недоверба во медиумите, судовите и јавни институции.

Откако платформата Pornhub објави во февруари 2018 година дека ќе отстрани deepfake содржини во кои гласовите на познати личности, и било кои други, би можеле да се вклопат во некои порнографски содржини, кои потоа изгледа доста реално, компанијата Naughty America реши да остави ваква содржина, и започна услуга што им овозможува на корисниците да ја прилагодат содржината според нивниот сопствен вкус и да го вклучат својот карактер во еротските видеа што ги гледаат. Оттогаш, deepfake содржината се повеќе влегува во мејнстримот и станува достапна за обичните граѓани, пренесува PC Press.

Facebook се вклучи во борбата против deepfake во септември 2019 година и ги покани експертите за AI да создадат системи што успешно ќе ги детектираат ваквите содржини. Во јануари 2020 година беше превземен уште еден чекор, во кој сите deepfake содржини што се користат за ширење дезинформации беа забранети на платформата, а потоа се појави и Deepfake Detection Challenge, во кој беа користени 100 илјади deepfake видеа за обука на системот за откривање.

TikTok, кој веќе забранува политички реклами, сега исто така се вклучи во оваа борба, а забраната на deepfake видеа треба да го отежне манипулирањето со јавното мислење, кое се прави со цел да се добијат политички поени.