Откако во текот на ноември се појави на Geekbench, Motorola Moto G Play (2021) сега се појави на Google Play Console листинг. Ова сугерира дека од објавата на телефонот не не дели премногу време.
Листингот открива дека Moto G Play (2021) ќе има Qualcomm SM4250 чипсет, што е кодно име за Snapdragon 460 процесор. Google Play Console дополнително открива дека телефонот ќе има HD+ дисплеј и Android 10 од стартот.
Покрај споменатиот Snapdragon 460 чипсет, телефонот пристигнува и со Adreno 610 GPU и 3GB RAM. Дисплејот со резолуција 720 x 1600 има засек за предната камера и прилично широка долна рамка.
Поврзани артикли