Microsoft веќе извесно време се залага за технологија без лозинки, истакнувајќи дека сака традиционалните и несигурни лозинки да исчезнат. Компанијата во текот на изминатите неколку години инвестираше во разчични решенија, како што се Windows Hello, Microsoft Authenticator, FIDO2 безбедносните клучеви и системот за потврда на идентитетот преку вените на дланката.
Сега компанијата ги истакна чекорите што ги направила за да ја намали употребата на лозинки во текот на 2020. година и објави дека планира лозинките да станат работа на минатото за сите корисници во 2021. година.
Microsoft откри дека речиси 80 проценти од сите сајбер напади ги напаѓаат лозинките, а еден од 250 корпоративни профили е загрозен секој месец. Компанијата поради тоа се труди луѓето да ги префрли на решенија без лозинки. Во ноември 2019. година околу 100 милиони луѓе го користеле пријавувањето на Microsoft без лозинки. Овој број порасна на 150 милиони до мај 2020. година, што покажува дека милиони луѓе се подготвени да ги отфрлат лозинките.
Microsoft планира во текот на 2021. година лозинките да ги направи непотребни за корисниците на своите услуги. Компанијата моментно развива нови API и UX за управување со FIDO2 безбедносни клучеви, а исто така има за цел и испорака на „конвергиран портал за регистрација“, каде корисниците можат да управуваат со своите податоци без лозинка.
Поврзани артикли