Кинескиот телекомуникациски гигант Huawei ќе гради фабрика на истокот на Франција за производство на опрема, пред сѐ, поврзана со 5G-технологијата, што ќе биде прва нејзина ваква фабрика надвор од Кина, соопшти денеска компанијата.
Во фабриката ќе бидат инвестирани најмалку 200 милиони евра и првично ќе бидат вработени 300 лица, а производството ќе биде наменето за целиот европски пазар.
Според Huawei, фабриката во Брумат, мал град на десетина километри северно од Стразбур, каде што има голема индустриска зона, треба да произведува опрема во вредност од милијарда евра годишно.
„Со оваа фабрика сместена на крстосницата на Европа, Huawei ќе го збогати веќе силното присуство на континентот, каде што има 23 центри за истражување и развој, повеќе од 100 партнерски универзитети, повеќе од 3.100 доставувачи и успешен синџир на снабдување“, соопшти кинеската компанија.
Поврзани артикли