Стивен Бустин е професор по молекуларна медицина на Универзитетот Англија Раскин во Велика Британија и водечки експерт за квантитативни верижни реакции на полимераза (qPCR), кои се широко користени за откривање на присуство на SARS-CoV-2 вирусот во клетките. Тој и колегите од болницата Брумфилд во Климсфорд развија единствен тест наречен Cov2-ID.

Гореспоменатиот тест открива три вирусни цели, што го прави посигурен од другите актуелни тестови за откривање на новиот коронавирус, чија цел се само две вирусни цели, а во речиси 30 примероци на испитани пациенти тој покажа 100 проценентна ефикасност.

Истиот тест има потенцијал да го открие и нивото на вирусно оптоварување присутно кај секој тестиран пациент.

Повеќето примероци на пациенти беа собрани во Англија и содржеа мутиран генотип на вируси, но еден примерок тестиран од Австралија покажа поинаков, „див“ генотип на вирус.

Тестот Cov2-ID е развиен според упатствата на MIQE насоките, кои ги развил самиот професор Бустин во соработка со други светски научници и на кои намерата им била да ги промовираат најдобрите практики за дизајнирање qPCR тестови кои ќе дадат резултати што се робусни, чувствителни и брзи. Тестот Cov2-ID е исто така дизајниран да ја намали веројатноста за лажни негативни резултати, што може да доведе до заразени пациенти да ја шират инфекцијата понатаму, без всушност да знаат дека се заразени.

Тестот Cov2-ID дава резултати многу побрзо од тековните qPCR тестови што се користат ширум светот и може да даде резултати додека лицето што се тестира, сè уште е на местото на тестот, што во голема мера помага во спречување на ширење на инфекцијата.