Додека руската вселенска агенција „Роскосмос“ се подготува за замена на модулот на Меѓународната вселенска станица, астронаутот кој работи на проектот објави видео од неговата прва прошетка во вселената.

Сергеј Куд-Сверчков на социјалните мрежи објави кратко видео од неговата прва вселенска прошетка која траела седум часа. Тој, заедно со командантот на „Експедицијата 64“, Сергеј Рижников работеше на отстранување на делови од „Пирс“ модулот на 18-ти ноември, а за извршување на задачата им биле потребни дури шест часа и 47 минути.

Рускиот астронаут излегувањето во вселената го опиша како искачување на планина, а работата во сенка го потсетила на нуркање во пештера затоа што ништо не било видливо освен опремата која била осветлувана од неговото светло.

Инаку, првата вселенска прошетка ја изврши советскиот астронаут Алексеј Леонов во април 1965-та година и истата траеше 12 минути и 9 секунди.

Извор: Sputnik.rs