Индијците неодамна се пофалија дека успешно собориле сателит во ниската орбита на Земјата, но притоа очигледно не воделе сметка дека ќе создадат голем вселенски отпад, кој секако, нема да го исчистат.

Отпадот од уништениот сателит, односно вселенскиот отпад би можел да ги загрози животите на астронаутите кои се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица. Ако некое парче од отпадот удри во станицата, би можело да предизвика сериозен дефект или дури и да предизвика експлозија и уништување.

Од НАСА предупредуваат дека можноста за удар на вселенски отпад во Меѓународната вселенска станица сега пораснал за 44%, откако биле идентификувани повеќе од 400 отпадни парчиња кои настанале при уништувањето на сателитот.

„Тоа е неприфатливо“, предупредуваат од НАСА и додаваат дека не можат да дозволат луѓето да создаваат дополнителен вселенски отпад кој ќе ги загрозува другите луѓе.

Токму поради големата опасност по животите на астронаутите во Меѓународната вселенска станица, НАСА моментално следи 60 парчиња на вселенски отпад кои се поголеми од 10 сантиметри и претставуваат опасност по астронаутите.

Извор: Zimo.hr