Русија го изврши второто успешно лансирање на новата ракета под името Angara. 

Се работи за првата успешно развиена ракета од распадот на Советскиот Сојуз, како и за прво лансирање по шест години.

Руската вселенска агенција Роскосмос потврди дека успешно е лансирана ракета од следната генерација Ангара-А5, која е користена за тестирање транспорт, односно подигање товар.

По 12 минути и 28 секунди од почетокот на мисијата, орбиталниот блок се одвои од третата фаза, соопштија од Агенцијата.

Ракетата претходно беше лансирана само еднаш и тоа во декември, 2014 година. Во јули истата година беше тестирана полесна верзија на ракетата.

Името ракетите го добија по сибирска река, а претставуваат први членки од новото семејство ракети основани по распадот на Советскиот Сојуз. Дизајнирани се да ги заменат старите Протон ракети кои потекнуваат од 60-тите години на минатиот век, а кои доживеаја неколку срамни неуспеси во изминатите години.

Рускиот претседател Владимир Путин се надева дека оваа ракета ќе ја прероди руската вселенска индустрија и ќе ја намали зависноста од останатите земји-членки на поранешниот сојуз.

Ракетата Ангара е еколошки повеќе прифатлива од претходните модели бидејќи користи кислород и керозин за гориво.

Извор: Klix.ba