Сајтот PhoneArena дојде до серија фотографии кои во живо го прикажуваа OnePlus телефонот од следната генерација – OnePlus 9 5G. Фотографиите ги испрати анонимен извор, а нивната автентичност ја потврдија извори на сајтот, како и доверливиот дојавувач Max Jambor.
Смартфонот е фотографиран во сребрена боја, има ажуриран систем на камери на задната страна. Камера модулот се состои од два големни сензора и многу помала трета камера, покрај вообичаениот LED блиц. OnePlus во овој предпроизводен систем на камери го додаде и Ultra Shot брендирање.
Од предната страна, OnePlus се одлучи за рамен екран со punch-hole отвор. Дисплејот има големина од 6,55 инчи, а потврдена е поддршка за 120Hz освежување и HDR содржини. Резолуцијата на екранот е 2400 x 1080p (Full HD+), а односот на страници е 20:9.
OnePlus 9 има метална рамка, која најверојатно е креирана од алуминиум. Од горната страна на рамката се наоѓа микрофон, додека долу се сместени USB-C порт и звучник, како и слот за SIM картички.