Додека се ближи крајот на 2020. година, сега е идеално време да се потсетиме на најзначајните моменти кои ја одбележаа годината. Twitter објави кои се омилените трендови, односно што корисниците најмногу сакаа и читаа на оваа мрежа.

Како што се и очекуваше, најпопуларен хаштаг во 2020 година е #COVID19, бидејќи е актуелна тема која целосно ги промени нашите животи. Луѓето најмногу размислуваа, читаа и коментираа за пандемијата.

Веднаш по него е движењето #BlackLivesMatter, кое стана популарно во САД, па и во целиот свет по низа протести и нереди поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицаец во текот на апсење.

 

Трет најпопуларен хаштаг е #StayHome, чија порака е јасна, а тоа е сите луѓе да си останат во домовите за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Личност за која најмногу се твиташе во 2020 година е американскиот претседател Доналд Трамп. По него, луѓето најмногу го спомнуваа Џо Бајден, новоизбраниот претседател. По Бајден, Џорџ Флојд е третата најспоменувана личност. По него е познатиот кошаркар Коби Брајант кој загина со ќеркичката Џиана во хеликоптерска несреќа.

На петтото место е Барак Обама кој неодамна ги објави неговите мемоари.

Најупотребуван емоџи е оној кој покажува солзи радосници, додека тажниот кој плаче е на второто место.

Извор: Klix.ba