Според новите извештаи, Huawei подготвува нов таблет со кој компанијата планира на пазарот да се натпреварува со iPad Pro на Apple и Samsung Galaxy Tab S7+ моделите.
Дојавувачот кој стигна до информациите за таблетот, тврди дека новиот Huawei MatePad ќе има 12.9-инчен OLED екран со стапка на освежување од 120Hz. Опишано е дека изработката на таблет уредот укажува на тенки рамки и дека нема punch-hole камера (што сугерира дека ќе користи камера под дисплејот).
Покрај наведеното, таблетот би требало да го користи Huawei PadOS, кој е заснован на претстојниот Harmony OS софтвер на компанијата. Таблет уредот ќе го покренува Kirin 9000 чипсет.
Се очекува дека новиот Huawei MatePad ќе биде претставен во првите месеци на следната, заедно со Huawei P50 серијата паметни телефони.
Поврзани артикли