Microsoft го објави првиот preview на x64 емулација за апликациите што се покренуваат на Windows уредите со процесори од ARM архитектура. Ова ќе овозможи користење на голем број продуктивни алатки кои имаат само x64 поддршка (како Autodesk Sketchbook) или игри како што е Rocket League. Другите апликации како што е Chrome браузерот, ќе можат да ги покренуваат своите поефикасни 64-битни верзии.
Проектот е се уште во развој и не е објавен како комерцијален производ, според наводите на Microsoft. Компанијата, во меѓувреме, ги поттикнува програмерите да понудат поддршка за своите изворни апликации или да ги рекомпаклираат за ARM64, кој ќе биде во целост поддржан од Windows SDK и Visual Studio 2017.
Microsoft, исто така, предупредува дека некои апликации можат да имаат проблем со стартување и дека програмерите би требало повторно да ги тестираат во текот на испробувањето на верзијата 21277. Тоа значи дека финалната објава ќе уследи во некој период подоцна.
Поврзани артикли