Samsung претстави 110-инчен MicroLED TV, кој сега е достапен во претпродажба во Јужна Кореја.
Компанијата во текот на последните две години промовираше огромни дисплеи кои ја користат MicroLED технологијата, а претстави и 146-инчен ТВ под името The Wall во текот на CES 2018 саемот. Минатата година, на истиот настан, Samsung ги претстави моделите од 75 и 219 инчи.
Овое дисплеи се секако модуларни и бараат инсталација. Најновиот MicroLED ‘Wall’ TV од 110 инчи може да се инсталира како било кој традиционален теелвизор.
Samsung во својата објава објасни дека претходно не било можно масовно да се произведат
MicroLED екрани со ваква големина за едноставна куќна инсталација. За да се објави ваков производ, Samsung мораше да развие нова технологија на монтирање и нов производен процес во рамките на својот бизнис со полупроводници. Ова на компанијата ќе и овозможи да произведува уште помали MicroLED дисплеи за потрошувачкиот пазар.
Моделот од 110 инчи може да прикажува 4K HDR содржини и користи LED светла во микрометар големина, кои можат да траат една деценија. Телевизорот има Multi View функција за приказ до четири извори на содржини истовремено на поделен екран, кој може да биде до големина од 55 инчи. ТВ уредот има 5.1 сараунд звук, како и функција што ги следи објектите кои се движат по екранот, за да се проектира звукот што ги следи.
MicroLED ‘Wall’ TV од 110 инчи е моментно достапен само во Јужна Кореја, но глобално ќе почне да се продава во текот на првото тримисечје од 2021. година.
Поврзани артикли