YouTube овозможува HDR поддршка уште од 2016. година, но таа беше лимитирана само на однапред снимени содржини. Сега компанијата ја проширува HDR поддршката и на livestream содржините, овозможувајќи живописно искуство во реално време.
HDR (или High Dynamic Range) овозможува поширок спектар за корисничките содржини и им овозможува на екраните што го поддржуваат да прикажуваат потемни сенки и посветли истакнати области. Креаторите на содржини, кои сакаат да стримаат во GDR ќе мораат да ги користат енкодерите прикажани ТУКА.
Од друга страна, на гледачите ќе им бидат потребни компатибилни уреди за преглед на livestream содржини во HDR – како YouTube апликацијата или HDR TV, Android уредите со HDR дисплеј, Chromecast Ultra или Windows и Mac PC со HDR екран и HDR графичка поддршка.
Доколку уредот на корисникот не поддржува HDR, нема да биде видлива HDR опцијата во менито за подесување на квалитетот на видеото, но видеото и натаму ќе може да се прегледа во SDR.
Поврзани артикли