Не дели само нешто повеќе од еден месец од објавата на Samsung Galaxy S21 серијата телефони, а сега имаме прилика трите модели од претстојната линија да ги видиме на нови рендери со висок квалитет. Приказите ги креирале сајтот LetsGoDigital и дизајнерот Џузепе Спинели (Snoreyn).


Samsung Galaxy S21 Ultra ќе биде најмоќниот модел во претстојниот модел, а се очекува со дизајн од стакло од двете страни. Телефонот ќе има 6,8-инчен дисплеј, кој е малку закривен по страните и има 120Hz освежување. На задната страна се очекуваат четири камери, LED блиц и нов ISOCell Vizion 3D ToF сензор. Уредот ќе го покренува Exynos 2100 чипсет за глобалниот пазар и Snapdragon 888 за Кореја, Кина и САД. Се очекува 5000mAh батерија со поддршка за 25W полнење. Galaxy S21 Ultra пристигнува во Phantom Black и Phantom Silver варијанти.


Samsung Galaxy S21+ ќе ја задржи металната рамка, но ќе има задна страна од пластика. Модулот за камерите ќе содржи три објективи – два од 12MP (главен и ултраширок) и 64MP со 3x хибридно зумирање. Дисплејот од 6,7 инчи ќе биде AMOLED, со 1080p резолуција и 120Hz освежување. Капацитетот на батеријата е 4800mAh со поддршка за 25W полнење. Поддршката за чипови е иста како како Ultra моделот. Galaxy S21+ ќе биде достапен во Phantom Black, Phantom Silver и Phantom Violet варијанти.


Samsung Galaxy S21 ќе има најмногу опции на бои, со Phantom Gray, Phantom White, Phantom Violet и Phantom Pink варијанти. Ќе ги има истите камери како S21+, како и истиот квалитет на изработка – заден дел од пластика, рамен 1080p дисплеј и освежување од 120Hz. На крајот, Galaxy S21 се очекува со 8GB RAM за основниот модел.

Повеќе рендери од Samsung Galaxy S21линијата телефони се достапни на следниот линк.