Германскиот лекар Штефан Клуге предупредува дека во блиска иднина би можело да настане еден вид јојо-ефект и предупредува дека е можна појава на трет бран на коронавирусот, пренесува српски „Курир“.
Клуге во изјава за „Хамбургер Абендблат рекол дека очекува многу бргу да се дојде третиот бран на ширење на коронавирусот.
„Ќе го видиме јојо-ефектот кога набргу кога ќе паднат бројките на заразени лица од Ковид-19 и кога ќе дојде до попуштање на мерките. Стравувам дека граѓаните повторно ќе бидат несовесни во почитувањето на мерките“, предупредил тој.
По првиот бран, кој се случи пролетва, бројките на коронавирусот со месеци останаа ниски, но, како што тој укажува, сега не може да се пресметуваат.
„За време на зимата, поради ниските температури, луѓето повеќе се задржуваат во затворени простори. Загрижен сум дека ќе следува трет бран и властите треба да се фокусираат и да почнат со решавање на тој проблем“, заклучил Клуге.
Поврзани артикли