Компанијата SpaceX ја лансираше втората капсула Dragon на Меѓународната вселенска станица (ISS).

Се работи за унпаредена Dragon капсула која е успешно лансирана од Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида, со помош на веќе користената Falcon 9 ракета.

Целта на мисијата е доставување на најновиот товар и опрема на ISS, а тоа е работа која SpaceX ја извршува уште од 2012. година. За сите претходни 20 мисии е користена оригиналната верзија на Dragon товарната капсула, но овој пат е лансирана нешто поинаква и унапредена верзија идентична на онаа која се користи за испраќање на астронаутите на ISS, а тоа е Crew Dragon.

Оваа капсула е искористена за транспорт на првиот екипаж на ISS во мај, а сега SpaceX ја користи и за товар и за екипаж, додека оригиналната верзија е „пензионирана“.

Crew Dragon, односно Dragon 2 поседува низа подобрувања и може да понесе 50 проценти повеќе научен товар, но и автоматски да се спои со ISS, додека претходните морале да се фаќаат и привлекуваат со роботска рака.

Капсулата денеска пристигнува до ISS, а таму ќе ја дочека уште еден Crew Dragon, кој е лансиран на 15. ноември. Тогаш на ISS пристигнале четири астронаути.