Почетокот на процесот на евалуација на експерименталната вакцина против ковид-19, изработена од Универзитетот во Оксфорд и компанијата „АстраЗенека“, може да биде побарана од надлежните органи до крајот на годината, доколку научниците можат да соберат доволно податоци.

Лидерот на научниот тим од Универзитетот во Оксфорд,  кој работи на развој на вакцината, Ендру Полард, за радио „Би-Би-Си“ изјави дека барањето дозвола за вакцината во текот на оваа година ќе биде можно доколку брзо се зголеми бројот на случаи опфатени со клиничките испитувања, пренесуваат британските медиуми.

– Во такви услови научниците ќе имаат доволно податоци за да излезат предц надлежните органи, по што ќе следи и процесот на евалуација – рече Полард.