Samsung почна со процесот на надградба на Android 11 и One UI 3 интерфејсот на Galaxy S20 серијата телефони. По неколку месеци јавно бета тестирање, One UI 3 е подготвен и за почеток е достапен на моделите Galaxy S20, S20+ и S20 Ultra.
Апдејтот моментно е достапен за корисниците во САД, додека во следниот период достапноста ќе се шири и на други региони и на други уреди. Како приоритетни пазари, Samsung ја наведе Европа, како и домашниот јужно-корејски пазар. Исто така, во поскора иднина, во следните неколку недели, најавен е и апдејт и за уште некои модели на телефони како што се Galaxy Note20, Z Fold2, Z Flip, Note10, Fold и S10 серијата. Нешто подоцна, во текот на првата половина на 2021. година се очекува достапност на апдејтот и на Galaxy A серијата смартфони.
One UI 3 донесува нови можности за Android 11, меѓу кои се новите визуелни ефекти, редизајнираните виџети на заклучениот екран што им обезбедуваат на корисниците одредени активности без отклучување на телефонот, поголема прилагодливост и многу други ситни, но корисни унапредувања во однос на моментниот актуелен One UI 2.5 интерфејс.
Поврзани артикли