Откако неколку Nokia телефони овие денови се појавија на FCC листинг, сега кинеската TENAA сертификациска агенцијаприкажува уште еден неименуван уред на Nokia. Телефонот има ознака на модел TA-1335, кој е сличен на неодамна забележаниот TA-1333 модел од FCC. Меѓутоа, според карактеристиките двата модела доста се разликуваат.

Додека TA-1333 има некои сличности со Nokia 3.4 моделот, TA-1335 од TENAA листингот е поблизок до Nokia C3 телефонот. Во прашање е уред наменет за долниот сегмент на пазарот.

Листингот открива дека уредот има четиријадрен процесор, 2GB RAM, 64GB простор за складирање и 2500mAh батерија. Системот на камери го сочинува 8MP главен сензор и 8MP предна камера, а двете ги следи и LED блиц. Тежината на уредот ќе изнесува само 122 грама.

Спецификациите споменуваат и 3,5 мм приклучок и сензор за отпечатоци од пртси, кој не е видлив на пратечките фотографии.