Колку брзо ќе се случи преносот на коронавирусот од заразено лице на здраво, првенствено зависи од тоа дали се почитуваат превентивните мерки, но и од бројни други фактори, од тоа колку долго тоа лице било изложено на вирусот, во какви услови, до тоа што правеле и слично.

Математичарите од MIT одлучиле да се позанимаваат со комплексниот проблем на ширење на вирусот, па осмислиле математички модел кој ја симулира динамичноста на флуидите, односно вирусот во некој простор.

Прашањето било едноставно – колку долго можете да бидете во иста просторија со заразено лице, а да не се заразите? Одговорите, меѓутоа, биле различни и се движеле “од неколку минути до една недела”.

Бидејќи и самата математичка формула е многу комплексна, научниците одлучиле да направат интернет страница која е релативно едноставна за користење, а која може да им помогне на луѓето да пресметаат колкави се нивните шанси за зараза.

Корисниците можат да одберат многу специфични услови како големина на соба, носење на маска, кој вид на маска, колкаво ниво на влажност, колку луѓе во соба и каква вентилација. На страницата “Covid-19 Indoor Safety Guideline” потребно е да се пополни образецот, а алатот ви нуди увид во тоа колку која ситуација е опасна, од седење во дневна соба со пријателите и посета на црква до купување во продавница и одење на концерт.

Една од најризичните ситуации е седење во ресторан каде што можете да се заразите за само 10 минути, додека со едно заразено лице можете да престојувате во соба до една недела, а да не се заразите.

Извор: Alo.rs