По официјалната сертификација и протечените рендери на претстојната Samsung Galaxy S серија, најновиот доказ за постоењето на Galaxy S21 моделот пристигнува од Geekbencha, каде што е тестиран телефонот.
Смартфонот ја носи ознаката на модел SM-G991U, додека чипсетот е прикажан како „lahaina“. Во прашање е кодното име на неодамна објавениот Qualcomm Snapdragon 888 чипсет. Покрај тоа, уредот е прикажан со 8GB RAM и Android 11.
Без оглед на тоа што моментните резултати не се импресивни на Geekbench 5.2.5 тестот, причината е веројатно тоа што Samsung се уште го оптимизира софтверот на овој уред.
Samsung Galaxy S21 серијата се очекува доста порано од вообичаеното – кон средината на јануари. Најмоќниот модел во понудата (S21 Ultra) се очекува со поддршка за S Pen, а се верува дека ќе биде наследник на Note серијата, која наводно ќе згасне.
Поврзани артикли