Доколку никогаш не сте слушнале за Google Pixel XE – не грижете се, не сте единствени. Овој факт, заедно со непотврдениот извор на оваа нова протечена информација се чини прилично спекулативен. Во секој случај, се појавија фотографии кои наводно го прикажуваат Google Pixel XE.

Google Pixel XE е прикажан на фотографиите, но не се откриени премногу детали, со исклучок на NFC поддршката и информацијата дека има два слота за SIM картички. Уредот би требало да има дисплеј со прилично широки рамки и центриран отвор во врвот на екранот за селфи камерата. Остатокот од карактеристиките на телефонот засега е мистерија.

Не се очекува дека Google наскоро ќе го објави овој телефон, со оглед на тоа дека Pixel 5 и 4a 5G беа претставени пред неколку месеци. Во меѓувреме, ќе ја следиме ситуацијата за да најдеме уште некои докази за постоењето на овој модел.