Xiaomi Mi 11 серијата, според бројните најави и објави овие денови, ќе биде првата линија телефони која пристигнува со најновиот Snapdragon 888 чипсет. Кинеската компанија вообичаено ги објавува своите премиум телефони во текот на февруари, но сега гласините сугерираат дека Mi 11 и Mi 11 Pro ќе бидат објавени подоцна во текот на декември.
Сега, пред оваа можна објава, се појавија фотографии од телефонот. Имаме увид во камерите на задната страна на двата уреда. Покрај тоа, објавени се и спецификациите кои се очекуваат. Секако, како и секогаш кога е во прашање ваков тип на содржини, протечените информации е потребно да се земат со доза на резерва,
Се очекува дека Xiaomi Mi 11 серијата ќе користи S-AMOLED панели, со 120Hz стапка на освежување и Quad HD+ резолуција. Не е спомената големината на екраните на двата уреда, но е познато дека ќе бидат опремени со 20MP селфи камери.
Mi 11 би можел да има 4780mAh батерија, додека батеријата на Mi 11 Pro моделот би можела да има капацитет од 4500mAh. Стандардниот модел, исто така, би можел да има поддршка за 50W полнење преку кабел и 30W безжично полнење, додека за Pro моделот се очекува 120W и 80W полнење.
Покрај Snapdragon 888 чипсет, телефоните би можеле да имаат и LPPDR5 RAM и UFS 3.1. На задната страна на M11 моделот се очекуваат три камери, со главен сензор од 108MP, 13MP ултраширок и 5MP макро сензор. Mi 11 Pro наводно нуди 48MP (OmniVision OV48C) главна камера, 20MP ултраширока и 12MP телефото со 2x оптичко зумирање.