Ravn X е најголемиот дрон на светот и има импресивни можности. 

Дронот е висок 5,4 метри, распонот на крилата му изнесува 18,2 метри, а долг е 24,3 метри, па поради овие димензии се смета за најголемо беспилотно летало на светот.

Ravn X е производ на компанијата Aevum и тежок е речиси 25 тони. Дебитираше пред два дена, а развиен е целосно самостојно да лета и фрла ракети во воздухот, кои потоа ги лансираат сателитите во орбитата. Дронот може оваа функција да ја извршува секои 180 минути.

Предноста на дронот е тоа што не му е потребна рампа, туку може да полета и да слета на било која писта долга барем 1,6 км.

Кога Ravn X ќе достигне одредена брзина, висина и локација, тој ја испушта ракетата од својата утроба, која потоа го лансира товарот тежок до 100 кг во орбитата на Земјата. Aevum има договор со Американските воздушни сили за лансирање експериментални сателити задолжени за откривање на непријателските лансирања.