Истражувачите на Државниот универзитет во Џорџија тврдат дека откриле антивирусен лек кој се внесува орално и за 24 часа спречува пациентот заразен со коронавирус да го шири вирусот на други здрави луѓе.

Станува збор за лекот МК-4482/ЕИДД-2801, познат како Молнупиравир, кој за еден ден целосно го стопира преносот на коронавирусот на други лица.

На чело на тимот е доктор Ричард Племпер кој тврди дека лекот е исто така добар во борба и со останатите сезонски вируси.

„Ова е првата демонстрација на лекот кој екстремно брзо го блокира пренесувањето на коронавирусот. Ова би можело да биде пресвртница“, изјави доктор Племпер.

Прекинувањето на ширењето на вирусот додека не дојде до масовна вакцинација на населението ширум светот би ги спречиле катастрофалните последици кои ги донесе пандемијата.

„Забележавме дека лекот донесе цел спектар на активности против респираторните РНА вируси и дека лекувањето на заразените животни, давајќи им го лекот орално, драматично ја намалува трансмисијата“, изјави Племпер.

Извор: Kurir.rs