Доколку се точни новите гласини кои пристигнуваат од Јужна Кореја, претстојната Galaxy S21 серија на Samsung би можела да биде поевтина во однос на претходната серија.
Според наводите на Korea Insider, Samsung планира Galaxy S21 да го смести во ценовниот ранг помеѓу 849 и 899 долари (наспроти 999 долари колку што изнесуваше почетната цена за Galaxy S20).
Исто така, се сугерира дека Galaxy S21+ ќе има цена помеѓу 1049 и 1099 долари. Galaxy S20+ je, само за споредба, имаше почетна цена од 1199 долари кога беше објавен претходно во текот на годината. Samsung Galaxy S21 Ultra би можел да чини помеѓу 1249 и 1299 долари.
Изворите додаваат дека овие цени не се конечни, така што останува да се види дали Samsung навистина ќе ја објави Galaxy S21 серијата по пониска цена во однос на Galaxy S20 серијата. За среќа, нема да мораме долго да чекаме на одговорот, со оглед на тоа што се очекува дека јужнокорејската компанија ќе ја претстави Galaxy S21 серијата во текот на Unpacked настанот кон средината на јануари.
Нови скици ни даваат подобар увид во дизајнот на Galaxy S21+ (ВИДЕО)
Поврзани артикли