Инсајдер од компанијата Microsoft откри дека новата Forza Horizon 5 ќе се појави во текот на 2021. година.

Претходно во текот на оваа година, од Microsoft потврдија дека новата игра Forza Motorsport е во развој за конзолите Xbox Series X и Xbox Series S, но се уште не е познато кога ќе биде достапна.

Во меѓувреме се очекува новост во Forza Horizon „спин-оф“ серијата на која веќе се работи, а според инсајдер од американскиот гигант, гејмерите ќе може да ја очекуваат веќе во текот на идната година.

Две години поминаа од претставувањето на Forza Horizon 4, па GamesBeat пренесува дека новото продолжение се очекува во текот на 2021-ва година. Motorsport и Horizon обично пристигнуваат еднаш во годината, а гејмерите би можеле идната година да добијат две игри наеднаш.

Forza Horizon инаку е фокусирана на возење на локации во отворен свет, па после Колорадо, Франција, Италија, Австралија и Велика Британија, ќе биде интересно да се види која ќе биде новата локација на Forza Horizon 5.

Извор: Klix.ba