Флексибилните телефони ќе овозможат раст на заситениот пазар на телефони, според зборовите на Ли Јонг-Мин, Извршниот директор во рамките на мобилната дивизија на Samsung. „Флексибилните смартфони не претставуваат проширување на постоечките смартфони, туку целосно ново поле на пазарот“, истакна Ли.
Тој додаде дека флексибилните телефони ќе станат потенки и полесни во иднина. Она не е случај со Galaxy Z Fold2 моделот, кој има тежина од 282 грама, наспрори 263 грама кај оригиналниот модел. Редизајнираната шарка нуди неколку предности (спречува продор на прашина, овозможува користење на уредот во неколку агли), но доведе до зголемување на дебелината на телефонот – од 15,5 на 16,8 милиметри.
Fold линијата ќе го преземе приматот кога се во прашање премиум моделите во рамките на флексибилните телефони на Samsung. Поради тоа, се очекува дека Galaxy Z Fold3 ќе чини слично како и Fold2, а ќе имплементира некои модерни технологии, како што е камерата под дисплејот.
Поврзани артикли